Кина пријави нови 32 заразени, сите повратници од странство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кина нема ниту еден смртен случај од коронавирус во минатите 24 часа, и само 32 заразени, сите се вратиле од странство.

Уште 12 сомнителни случаи, исто така дојдени од странство, се задржени под надзор, заедно со уште 30 кои покажуваат симптоми.

Кина засега има 1.242 потврдени случаи, 1.033 без симптоми под изолација и надзор.

Земјата од каде потекна коронавирусот забележа 81.740 заболени и 3.331 починати. Бројот на починати веќе една недела е едноцифрен.