Кекеновски го даде Законот за јазици на Уставен суд, „Законот за јазици поттикнува лавина реакции и на опозицијата и на експертската јавност“

Професорот Јове Кекеновски денеска до уставниот суд поднесе иницјатива за оцена на уставноста на Законот за употреба на јазиците.

Според Кекеновски овој закон е донесен преку прекршување на деловникот и без потпис од претседателот на државата, само со потпис од Џафери, тој ја оспорува содржината на Законот.

„Една година откако е донесен Законот за јазици поттикнува лавина реакции и на опозицијата и на експертската јавност кои сметаат дека овој закон за двојазичност е противуставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи“ изјави Кекеновски.