Камчев со Јанакиески: „Шефе, извини сеа шо стана со дупоиве горе, шо беше она шо го обори центар?“

На денешното судење во Кривичниот суд  беа изведени материјалните докази и два разговори од кои едниот е јавно објавен. Во разговорот од 13 октомври 2013 година, во 22.02 часот разговараат ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и бизнисменот Орце Камчев.

Бизнисменот Камчев му се јавил на тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, сега еден од обвинетите, го прашал: „Шефе, извини сеа шо стана со дупоиве горе, шо беше она шо го обори центар?“

„Ништо, ги обори ама не ги објави во Службен весник. Шехтански им укажа да му достават во рок од три дена. Утре истекува рокот и ќе му даде налог да ги објави. Ако не ги објави, тогаш ги поништува. Ако ги објави, пак ќе ги поништи Уставен суд“, му одговара Јанакиески.

„Ама пак ќе оди на Уставен, така?“, прашува Камчев.

„Да, мора на Уставен, или едно или другото сценарио“, му потврдува Јанакиески.

„И пак истите треба да се гласаат, после тоа пак треба да одат на гласање во општината?“, препрашува Камчев.

„Уставен му ги враќа и тогаш пак треба истите планови да се стават на Совет“, му вели Јанакиески.

Адвокатите се обидоа со прговори да ги одложат дел од разговорите да не бидат преслушани, а Следното рочиште за предметот е закажано за 6 февруари. Тоа е првиот предмет на СЈО за кој беше поднесено обвинение на 16 декември 2016 година, но предметот сѐ уште е во фаза на доказна постапка.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...