Како новинарот Адамчевски се справи со Ковид-19? „Коронавирусот не е едноставна работа, остава последици“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со семејството беа собрани за прослава на роденденот на внукот. По 4 дена, ги почувствувал првите симптоми. Се тестирал и излегол позитивен на Ковид-19. Позитивни биле и 8 други члена од семејството. Некои со, а некои без симптоми…

Ова е искуството со Ковид-19, на веќе излекуваниот Мирче Адамчевски.

На почетокот беше в самоизолација, но поради влошената состојба, беше префрлен на Инфективната клиника. Таму беше две недели. Тој не знае каква терапија примал, бидејќи вели дека се примал преку инфузија.

Адамчевски им порача на граѓаните да внимаваат бидејќи како што рече Ковид-19 не е едноставна работа и остава големи последици.

Неговото искуство го сподели со нас на денот на слободата на медиумите „3 Мај“. Адамчевски како член на Совет за етика во медиумите има бројни критики за начинот на кој медиумите известувале за вирусот. Факт е дека објавувале дезинформации и ја влошиле дополнително состојбата со Ковид-19.

Затоа, тој им порача на граѓаните да читаат повеќе извори за информацијата, бидејќи само така можат да создадат јасна слика за одредена појава и да не бидат дезинформирани.