Како на филм: Маж и жена сомнителни на коронавирус избегале од штипската болница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попладнево маж и жена кои биле повратници од Италија, а сместени во штипската болница поради сомнежи за коронавирус избегале од болницата.

Според информации на ТВ21, насилно го скршиле прозорецот и излегле преку него по што се одалечиле во непознат правец.

Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Вечерва откриени се во нивниот дом во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.