Како да се преживеат 26 часа на отворено море? Одговорот го има словенечки сурфер

Професорот на факултетот за физичка култура во Словенија, Горан Јабланов, за хрватската национална телевизија ХРТ објасни како успеал да преживее 26 часа на отворено море, откако додека сурфал на Јадранското море, му се откачил еден дел додека дувал силен ветар и имало силни бранови. Се држел за даската, на колегите им рекол да допливаат до брегот, а потоа и тој некако ќе стигне до таму. Меѓутоа ветарот бил пресилен, и Горан не успеал да ги стигне своите колеги.

Откако видел дека не може да доплива до брегот, ја држел даската силно и не сакал да ја пушти.

„Во еден момент видов полициски светла. Тоа ми даде надеж. Имав чувство дека не сум во своето тело. Тука сум некаде и гледам како моето тело се бори за живот. Но, бев многу смирен“, изјави Јабланов кој што некако допливал до италијанскиот брег во Трст, и прво што сторил било…

„Веднаш отидов во првиот ресторан и се јавив на сопругата“, рекол Јабланов.

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!