Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

НАШ ПРЕДЛОГ

Груевски и Јанакиевски прогласени виновни за „Насилството во О.Центар“ – Фетаи: Делумно сум задоволна од пресудата

За предметот „Насилство во општина Центар“ Груевски е осуден со 1.5 години затвор, а екс министерот Миле...

Бирократијата за претпријатијата намалена, државата добро котира по индексот на бирократија

Финансиите не се главниот проблем за фирмите во услови на КОВИД. Сега е моментот кога на Компаниите...

Османи: Интензивирање на контактите со Бугарија за надминување на проблемите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека во наредниот период македонската влада ќе ги интензивира контактите...
-Реклама-

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои ги бара сега Ахмети, па оттаму и вчерашната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека се уште се далеку од  заеднички договор. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак тврди дека воопшто не почнал преговори со Ахмети иако претходно велеше дека води разговори со партиите за составување мнозинство. Тој демантираше и дека на средбата со Ахмети се согласил на премиер Албанец со ротација 2 + 2 и рече дека никогаш не би прифатил да преговара со диктат и условувања.

„Тој рече дека ќе му даде приоритет на СДСМ како победник во македонскиот блок, јас реков не се сложувам, бидејќи ценам дека ние сме победници. Но во ред, ако вие мислите дека е така преговарајте, ви посакувам многу среќа. Се поздравивме и тука заврши состанокот. А, во претходните 45 минути разговаравме на некои теми, сосема од поинаков карактер“, истакна Христијан Мицкоски. 

- Реклама -

Од СДСМ велат дека се уште се во тек преговорите и дека засега се уште не е постигнат договор а дека наскоро ќе излезат во јавност да соопштат што е постигнато во разговорите. Но за тоа дали ќе го прифатат барањето на ДУИ за премиер Албанец велат дека мандатар на новата Влада ќе биде Заев. Неофицијално ДУИ инсистира во првата година на премиерската фотелја биде Албанец.

„Знаете дека се водат разговори и консултации за составување на парламентарно мнозинство за коалиција за влада која што ќе има 4-годишен полн мандат. Во овој момент навистина не би сакал и не би можеле да одговараме за некои детали“, посочи Костадин Костадинов.

- Реклама -

По вчерашната двоиполчасовна средба на Заев и Ахмети во Собранието и двајцата излегоа со став дека се далеку од договор, но уверени се дека набргу ќе излезат со заеднички став и ќе формираат Влада. Според партиски извори преговорите СДСМ – ДУИ и натаму се водат, но на ниво на партиските секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Фетаи по пресудата за „Насилство во Центар“: Обвинителството не е задоволно од изречените казни, ќе поднесеме жалба

Обвинителката Фатиме Фетаи, по пресудите за „Насилство во Центар“, истакна дека Обвинителството ќе се жали на пресудите, со оглед дека не се...

Индиец со фалсификуван пасош и Полјак со оружје сакале да поминат од албанска на македонска територија

Граничната полиција на преминот Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга, привела државјанин на Индија откако тој се обидел да ја...

Нивото на радијација на Месечината е алармантно високо

Новите истражувања посочуваат дека астронаутите кои ќе патуваат на Месечината како дел од мисијата Артемис на американската вселенска агенција НАСА во 2024...

Приведен маж од гостиварско по потерница за затворска казна од шест години

На 29.09.2020 полициски службеници од Одделението за крим полиција го приведоа С.А. (34) од с.Ломница, кој со наредба од Основниот суд Гостивар...

Вкупно 322 санкции од полицијата вчера на територијата на Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на  територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции.