НАЈНОВА ВЕСТ

Владата ги прифати препораките: Полициски час во жариштата од четврток од 21 часот,...

Министерот за здравство Венко Филипче, потврди дека Владата ги прифатиле препораките од Комисијата за заразни болести. „Има многу...

ЈСП со нов режим на функционирање на јавниот превоз согласно мерките и насоките од надлежните институции

НАШ ПРЕДЛОГ

Додека Македонија носеше одлука за враќање на полицискиот час, на само 80 километри се играше фудбал и тоа со публика

Владата вечерва донесе одлука за враќање на полицискиот час и тоа во општините кои во последниот период...

Вознемиреност во липковските села, за три дена 24 позитивни случаи и три починати од Ковид-19

„Во Куманово, Матејче и Слупчане се селата со најголем број на заразени со Ковид-19. ТВ21 дојде овде...

Пратеникот Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани во болница, но во добра здравствена состојба

Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и малата ќерка се хоспитализирани во болница. Ова...

Ве информираме дека од утре, четврток (9.04.2020 год), па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

- Реклама -

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).

Останатиот распоред, може да се види на веб страницата, со избор на посакуваниот ден/датум.

Согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, јавниот превоз во посочениот период нема да функционира.

Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА во РАБОТНИ ДЕНОВИ

Од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.

Билетарници

Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Центри за персонализација

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

Во случајов, ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку, тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вознемиреност во липковските села, за три дена 24 позитивни случаи и три починати од Ковид-19

„Во Куманово, Матејче и Слупчане се селата со најголем број на заразени со Ковид-19. ТВ21 дојде овде за да види што велат...

Пратеникот Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани во болница, но во добра здравствена состојба

Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и малата ќерка се хоспитализирани во болница. Ова го изјави министерот Венко Филипче...

„Полицискиот час важи до понеделник, за понатаму ќе носиме одлуки дополнително“, рече Филипче

Граѓаните се прашуваат што ќе биде после понеделник, односно дали ќе остане полицискиот час и натаму на сила? Одговори Филипче на прес-конференцијата...

Од четврток од 21 часот до понеделник до 05 часот во целата земја се забранува посета на гробишта, освен за погреб

„Во целата земја се забранува посета на гробишта на целата територија, освен во случај на погреби од четврток од 21 часот до...