ЈП „Комунална хигиена“ подели 100 канти за отпад во Топаана

SAMSUNG CSC

Со цел да се спречи проблемот со неправилно одлагање на отпадот на улицата Максут Садик во населбата Топаана во скопската општина Чаир, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, во координација со Урбаната заедница во оваа населба, денеска подели дополнителни сто канти за собирање на отпадот од индивидуалните домаќинства.

Директорот Абдусамед Шабани оствари средба со граѓаните, коишто ги информираше за динамиката на собирање на отпадот од страна на Претпријатието, како и за штетноста од создавањето на дивите депонии.

И покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи, ова место претставува црна точка на којашто постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.Би сакал да нагласам дека не е надлежност ниту пак ингеренција на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје да ги превенира или казнува прекршителите на Законот за јавна чистота и во оваа прилика ги повикувам надлежните институции – инспекциските служби при Градот Скопје и општината Чаир да дејствуваат на терен, со цел да се спречи загадувањето на животната средина.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...