Јанушев: Победуваме во Македонија!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес конференција посочи дека скоро секаде победуваат.

„Со обработени околу 20 проценти од гласовите имаме разлика од околу седум пратеници“, изјави Јанушев.

Тој изјави дека на денешните избори имало сериозни нерегуларности за кои, како што рече, биле известени ОДИХР и меѓународната заедница.