Јанева: Лежам во притвор поради Камчев, тоа е валкан играч кој мисли дека може секого да купи со пари, ама мене не

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во завршните зборови денеска во случајот „Рекет“, екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека овој случај е монтиран, и дека обвинителството нема докази за тоа што и се става на товар.

Таа рече дека Ана и Орце Камчеви се „дно на дното“ и дека докажале дека Орце Камчев сакал да соработува и во други предмети.

„Тоа е валкан играч, и може секого да купи со пари, но мене не“, рече Јанева во завршниот збор.

Јанева дополни дека Камчев сакал да го искористи доброто пријателство меѓу него и Јовановски, и дека истото било ставено на столбот на срамот.

„Лежам во притвор само поради Орце Камчев. Лежам за недокажани пари дали се земени, за недокажани пари кои ги извадил од неговите сметки и можел да ги даде на било кој“, додаде Јанева истакнувајќи дека нејзе образот и е чист.