Ја подарија нивата за да се изгради училиште – „Сега општината нека го исполни ветувањето“, велат браќата Ејупи

Ги  обележува меѓите на неговата нива. Екрем Ејупи, заедно со неговите шест браќа ја подарија оваа нива за да се изгради училиште во село Паничари, општина Сарај.

Тие не се задоволни од условите на училиштето каде моментално учат децата, затоа донеле ваква одлука.

Еден од браќата Ејупи, вели дека сега е ред општина Сарај да го одржи ветувањето.

Дали сметате дека општината ќе го одржи ветувањето, како што направивте вие?

Јас не сакам предавство, се надевам дека со ова 2019 ќе тргне кон подобро. Но мислам дека и селото ќе помогне, треба само да почне изградбата, потоа ќе заврши.

Жителите на ова село се среќни за делото на браќата Ејупи.  Велат дека до денес никој не преземал ништо за да го реновира старото училиште.

„Во ова училиште не е ставена ниту една шајка, грев е да се потрошат парите во старото училиште, не вреди. Во нов објект е поинаку, ќе има поголема хигиена за децата и за сите вработени ќе биде полесно“, изјави Сабит Шабани.

Градоначалникот на о. Сарај, Блерим Беџети, тврди дека наскоро ќе започне изградбата на училиштето во ова село.

„Ние ќе ги следиме постапките за трансфер на имотот од приватен во имот на општина Сарај и ќе подготвиме проект за изградба на училиштето. Малку ќе потрае но важно е дека создадени се предуслови за изградна на нов училиштен објект. Сугурен сум дека во овој мандат ќе се изгради“, изјави Блерим Беџети – градоначалник на Сарај.

ТВ21 неколку пати известуваше за лошите услови во основното училиште во село Паничари. Браќата Ејупи велат дека една од причините за ваквиот благороден гест е жителите на ова село повторно да се враќаат во нивниот роден крај, бидејќи многумина од нив заминале од Паничари поради лошите услови.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ