Изворот „Студенчица“ работи во несовремени услови, во јавното претпријатие од 59 вработени, само 9 Албанци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Штитници со корозија, вода прокиснува од таванот,оголени кабли за електрична енергија… Вака изгледа изворот на Јавното претпријатие „Студенчица“ од кој се снабдуваат со вода за пиење 6 те јавни претпријатија од западниот регион.

„Се наоѓаме кај изворот „Студенчица“ кој снабдува со вода 6 јавни претпријатија во западниот регион, а чија база е во Кичево. Во ова претпријатие има 59 вработени, а од нив само 9 се Албанци, а со години наназад имаше само еден вработен Албанец. Како што можете да видите од снимките, состојбата во изворот кој ги снабдува јавните претпријатија не е на задоволително ниво, но сепак директорот ветува дека работи на подобрување на состојбата на изворот.“, вели репортерката на ТВ21.

Директорот Урим Ахмеди, вели дека кога дошол на чело на претпријатието, го затекнал во доста незавидна состојба, со неповолни услови и само со еден вработен Албанец. Ветува дека ќе има нови вработувања, додавајќи дека приоритет ќе биде реновирање на изворот „Студенчица“. Како што вели, веќе потпишал тендер за реновирање на изворот со плочки и штитници од нерѓосувачки материјал .

-Во 2019 година ја добив првата согласност за 8 нови вработувања и реализација на тие вработувања во 2020 година. Кога дојдов имаше само еден, а сега се 9 Албанци. Процентот беше околу 1.9, а сега е 15%. Не е доволно, но секако дека ние постојано се трудиме, и годинава поднесовме барање за нови вработувања-вели Ахмеди.

ЈП „Студенчица“ ги снабдува со вода за пиење Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево и Прилеп.