Извлечен автомобилот од реката Вардар во близина на болницата Систина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нуркачи од МВР и пожарникари го извлекоа автомобилот „Поло“ кој падна во реката Вардар во близина на клиничката болница Аџибадем Систина.

Според првите информации, возилото било празно.

Допрва ќе се утврдува причината за падот на возилото.

Утринава околу 8 часот случајни минувачи пријавиле во полиција дека возило паднало во реката, при што на терен излегле единици на МВР и на пожарникарите.