Изминатата недела за 10,8 проценти помалку позитивни на Ковид-19 од претходната

НАШ ПРЕДЛОГ

Исечени гранки на 13 диви костени во Тетово – граѓаните се жалеле за непријатен мирис и измет

Денеска на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, во близина на комплексот банки и станбени објекти, се исечени...

Наскоро брзи тестови за ковид-19 – Филипче: Јануари ќе биде критичен месец

Во воспоставување на нова стратегија за широко тестирање и тестови кои ќе бидат готови за 15 минути,...

Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември

Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември - тестирани...
-Реклама-

Во периодот од 7 до 13 септември 2020 година, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 14.2 проценти помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8 проценти во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи, согласно извештајот на Институтот за јавно здравје  се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

- Реклама -

Процентот пак на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4 проценти или 0.3 проценти повеќе во однос на претходната недела.

– Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%), се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

- Реклама -

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6 отсто) хоспитализирани, што е намалување од 3,8 проценти во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број нови случаи, 221 (31,3 проценти), стои во соопштението, имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување во последни 14 дена.

- Реклама -

Од МЗ посочуваат дека по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

– Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, седум повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, шест на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица, стои во денешното соопштение од МЗ. 

Во Велес во два наврати силувана 24 годишна девојка

Во Полициската станица Велес, 24-годишна девојка од Велес вчера пријавила дека на 20 септември  во два наврати, во хотел во Велес и во...

Министерство за одбрана: Полесно повредени војници во претвртениот автобус кај Штип

Војници утринава се полесно повредени во сообраќајна незгода во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип. Како што информираат од...

Сообраќајка на патот Штип – Радовиш, 17 припадници на Армијата повредени

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации...

Индиец со фалсификуван пасош и Полјак со оружје сакале да поминат од албанска на македонска територија

Граничната полиција на преминот Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга, привела државјанин на Индија откако тој се обидел да ја...

Исечени гранки на 13 диви костени во Тетово – граѓаните се жалеле за непријатен мирис и измет

Денеска на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, во близина на комплексот банки и станбени објекти, се исечени гранки на 13 диви костени...