Издадени 860 решенија за изолација, 199 лица потпишале самоизолација, 559 прекршоци за не носење на маска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие (15/16.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци.