НАЈНОВА ВЕСТ

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Изборите според албанските партии – подготвени, но со различен датум и став

НАШ ПРЕДЛОГ

Затворена уште една конфекција во Штип поради вработен позитивен на коронавирус

По состанокот со кризниот штаб, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски напомена дека од денеска 336 граѓани се...

Избрана новата Влада на Косово предводена од Авдулах Хоти

Собранието на Косово со 61 глас „за“ 24 „против“ и еден „воздржан“ ја избра новата влада, која...

Нова Влада се бира во косовското Собрание – поддржувачите на Курти протестираат (видео)

 Собранието на Косово со полчасовно задоцнување на почна вонредната седница, на која треба да се гласа за...

Сите албански политички партии тврдат дека се подготвени за избори и за победа, но кога доаѓа прашањето – кога треба да се одржат изборите, имаат различни ставови. Кандидатот за пратеник на ДУИ, Арбен Зибери, повтори дека ставот на неговата партија е дека борбата против Ковид-19 е поважна, имајќи ги предвид и економските импликации кои можеме да ги имаме, затоа не предложиле никаков датум.

„Затоа во овој период, од почетокот на пандемијата до ден денес, ниту еднаш не беа наш интерес партиските калкулации“, истакна Арбен Зибери.

- Реклама -

За разлика од албанската партија на власт, другите партии  предлагаат  датум за избори. Движење Беса останува на ставот на предизборниот партнер – СДСМ, 21 јуни. Причина зошто треба да има што побрзо  избори, според Блерим Сејдију, е дека само со изборите ќе формираат нова функционална влада подготвена да ја извади земјата од сегашната ситуација.

„Сакаме да има функционална Влада, со слободни и демократски гласови и функционални институции, со што веруваме дека ќе излеземе од оваа ситуација. Само Владата ќе успее да нѐ извлече од оваа кризна состојба“, посочи Блерим Сејдиу.

Од друга страна, предизборните коалициски партнери, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како датум за избори го предложиле 26 јули. Тие сметаат дека проширувањето на ковид-19 во тој период ќе биде помало, и освен тоа, велат дека на ДИК и е потребно повеќе време за да се подготви и што е најважно учеството на меѓународните мисии за набљудување.

„Имајќи предвид дека сѐ уште сме земја со кревка демократија, каде задолжително мора да има набљудувачи од надвор. Без да се одлучи за отворање на границите во Европа, без да се вратат летовите, без да се отворат копнените граници, би можело да настане проблеми во однос на учеството на странските набљудувачи“, вели Арбен Фетаи.

Меѓутоа , коалицијата Алтернатива – Алијанса  се подготвени да попуштат за датумот за избори со цел да се постигне консензус меѓу политичките партии, изјави вчера за ТВ21 Претседателот на Алтернатива.

„Не е проблем. Алијанса и Алтернатива како коалиција немаат став дека нема да има отстапувања од 26  јули, плус – минус, не е проблем, но да седнеме и да се договориме за да ги зближиме ставовите“, порача Африм Гаши.

За разлика од албанските партии, кои изгледа се по подготвени за компромис за датумот на изборите, двете најголеми македонски партии, владејачката СДСМ и опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, се поупорни во своите ставови. Иако и двете страни цело време беа подготвени за средно решение, се уште не ги гледаме резултатите. Социјалдемократите продолжуваат да се држат до идејата за избори кон средината на јуни, додека ДПМНЕ го предложи крајот на август или почетокот на септември.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Косово предводена од Авдулах Хоти

Собранието на Косово со 61 глас „за“ 24 „против“ и еден „воздржан“ ја избра новата влада, која ќе ја води кандидатот на...

Нова Влада се бира во косовското Собрание – поддржувачите на Курти протестираат (видео)

 Собранието на Косово со полчасовно задоцнување на почна вонредната седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот...

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Папата Франциск го осуди расизмот во САД, но и насилните протести

Папата Франциск денеска првпат се огласи по повод немирите во САД, порачувајќи дека никој не смее да „затвора очи пред расизмот“.