Истражување: Развиените земји имаат најмногу доверба во Меркел, а најмалку во Трамп

НАШ ПРЕДЛОГ

Телефонски разговор Заев – Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на С.Македонија

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во...

Повеќе од 100.000 демонстранти на улица против Лукашенко

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар...

Трамп ќе бара Бајден да се тестира на дрога пред нивниот прв дуел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во...
-Реклама-

Граѓаните на 13 развиени земји повеќе им веруваат на претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг отколку на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од независниот истражувачки центар Пју (Pew Research Center) со седиште во Вашингтон.

Истражувањето е спроведено меѓу испитаници од Јапонија, Австралија, Канада, Велика Британија, Холандија, Јужна Кореја, Шпанија, Италија, Шведска, Франција, Данска, Германија и Белгија. Учесниците беа прашани за нивната доверба во шесте лидери – САД, Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина – и нивниот пристап кон меѓународните прашања.

- Реклама -

Според резултатите, жителите на 13-те држави имаат најголема доверба во германската канцеларка Ангела Меркел (76 отсто од испитаниците), нешто помалку во францускиот претседател Емануел Макрон – 64 отсто, а 48 проценти од анкетираните имаат доверба во британскиот премиер Борис Џонсон. Вкупно 23 отсто од испитаниците од 13-те земји имаат доверба во Владимир Путин во неговиот пристап кон меѓународните односи, во Си Џинпинг – 19 отсто, и најмалку, – 16 проценти во Трамп.

Мнозинството од анкетираните кои изразиле доверба во Путин се жители на Италија (37 отсто) и Германија (31 отсто). Жителите на Јапонија имаат најмногу доверба во Трамп – 25 проценти од испитаниците.

- Реклама -

Студијата е спроведена по телефон меѓу 13.273 возрасни лица од 13 развиени земји, во периодот од 10 јуни до 3 август.