Историчарите бараат албански членови за македонско-бугарските прашања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанските историчари синоќа во емисијата Клик Плус дебатираа за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Музафер Бислими изрази сомнеж дека комисиите на двете држави за решавање на историските прашања ќе постигнат некаков напредок. Во комисијата од нашата држава треба да има и историчари Албанци бидејќи секаков договор со Бугарија нема да се прифати од страна на Албанците, рече Бислими.

„И ние Албанците нема да се согласиме со секаков договор. На пример тие можат да се договорат велејќи дека ова е втора бугарска држава. Така што ова никако не е прифатливо за Албанците. На историчарите ќе им биде тешко да постигнат компромис“, вели Музафер Бислими – историчар.

И новинарот Арбен Раткоцери вели дека во македонско-бугарската комисија треба да има историчари Албанци.

„Неоправдано е во оваа комисија да нема албански историчари. Овде вината е кај политичарите повеќе отколку кај албанските историчари“, вели Арбен Раткоцери – аналитичар.

Нема документ во кој се вели дека Гоце Делчев е Бугарин или Македонец. Има само документи за неговата верска припадност која е христијанска, вели историчарот Арбен Лала.

„Гоце Делчев се родил во Кукуш, во близина на Бугарија, Македонија денешна Грција. Се школувал во бугарски училишта, и припаѓал на Бугарската егзархија, бил учител во Бугарија во бугарските села. Во Штип дејствувал како агент на Бугарија за бугарска пропаганда“, вели Арбен Лала – историчар.

Во врска со тоа, што учат учениците за Гоце Делчев одговори и професорот од средното училиште Зеф Љуш Марку.

„Учениците го учат тоа што денес го оспорува македонскиот народ. Учат дека тој е идеолог на Македонското народно ослободително движење, не навлегуваме во сржта за тоа која е генезата или во детали кои се пријавуваат од бугарска страна“, изјави Насер Мифтари – историчар.

Иако беа прашани, никој од историчарите не одговори конкретно што е Гоце Делчев, Македонец или Бугарин.