ИЗБОРИ

Array

Искази за „27 април“, Нинџа и екс-директорот на УБК дале наредба за нападите

НАШ ПРЕДЛОГ

Дневен хороскоп за четврток (9. јули 2020)

ОВЕН Работа: Можно е да успеете да ги решите работните проблеми од минатиот период...

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград

По протестот пред српскиот Парламент вечерва хаосот продолжи низ централните улици на Белград. Полицијата поради инцидентот употреби...

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори...
- Промо -

Стефан Младеновски, обвинет за организирање на насилните настани во Собранието, во своја одбрана рече дека на 27 април добил наредби од другиот обвинет, Александар Василевски -Нинџа. Тој пред судското тело рече дека тој ден, околу 14:00 го повикале во ресторанот „Дион“ и му рекле оти денеска е денот за бранење на татковината.  Според него, Нинџа дал наредба за да тргнат на протестот.

„На Кољо му се јавија, ни кажа да ставиме маски и дека ќе се влегува во Собрание. Кога стигнав пред прес – салата видов лице со вперен пиштол пред вратата, јас ги кренав рацете, се повлеков и се симнав накај пленарната сала, дека претходно Кољо им рекол на новинарите да не снимаат“ – Стефан Младеновски, обвинет.

Тој исто така рече дека екс – директорот на УБК, Владимир Атанасовски, додека бил на чело на тајната полиција, наредил да се нападне и Државната изборна комисија, доколку оваа институција не ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори.

- Реклама -

„Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафиќ или кладилницата“ – Стефан Младеновски, обвинет.

Одбраната на двајцата браќа Младеновски, вели дека освен Стефан ќе сведочи и Михајло, кои заедно биле дел од топлата. Адвокатот Сашо Христовски, рече дека нивната вистина ќе открие – кој ја иницирал акцијата, а кој бил измамен преку патриотска догма.

Младеновски, понатаму во својот исказ додаде дека пратениците Мукоски и Тарчуловски, ги повикувале луѓето да одат кон пленарната сала, а потоа толпата се собрала пред канцеларијата на претседателот на Собранието. Кога меѓу насобраните луѓе ги видел пратениците крвави, сфатил дека некој ги измамил во акцијата и се повлекол, како што вели Младеновски, без да направи никакво кривично дело. Младеновски на излез од судот, не сакаше да одговори на новинарските прашања, околу исказите изнесени на рочиштето.

Репортер: Аднан Ќаили

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград

По протестот пред српскиот Парламент вечерва хаосот продолжи низ централните улици на Белград. Полицијата поради инцидентот употреби солзавец на неколку локации во...

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори на соодветен начин, изјави српскиот...

Јеремиќ: Власта пушти хулигани меѓу демонстрантите да прават нереди и предизвикаат судири

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, вечерва ја обвини владата дека на протестите испраќа хулигани за да прават нереди и да...

За Косово одлуката на Македонија за задолжителен PCR тест е неправедна

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај во интервју за Т7 истакна дека денешната одлука на Владата, за задолжителен ПЦР тест при влез...