Инцидент во гостиварско Падалиште, со нож повредил соселанец

Вчера ( 10 февруари ) околу 18 часот, во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен 35-годишниот Ф. М. од селото Падалиште, со убодна рана во левата надлактица, a која со нож му ја нанесол 41-годишниот соселанец Б. С.

На  повредувањето на Ф. М. му претходела меѓусебна вербална расправија околу двајца малолетници, роднини на Б. С, кој набрзо потоа лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, односно целосно расчистување на случајот.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...