Интервју со Илхан Ќучук, известувач за РСМ во ЕП: Итни избори, од техничката Влада не може да се очекуваат реформи!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во интeрвју за ТВ21, известувачот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент вели дека од техничка Влада не може да се очекуваат реформи, додавајќи дека со нефункционален парламент може да се променат важни демократски принципи.

„Но да се вратам на техничката влада, секоја една власт е ограничена кога е техничка. Таа има мандат и е ограничена во своите дејствувања. Затоа не можеме да очекуваме големи реформи и не може да очекуваме од една техничка власт да носи важни одлуки. И уште едно важно нешто, техничката владата моментално управува во ситуација каде што не функционира парламентот. А секоја една власт која не е контролирана од парламентот, може во еден или во друг даден момент да ги промени важните демократски принцип, тоа е и општиот принцип, кога власт контролира власт“, вели Ќучук за ТВ21.

Во однос на преговорите со Европската унија тој се надева дека во јуни ќе продолжиме да чекориме по како што вели тој јасниот пат на Македонија во унијата.

„На европски план и од гледна точка на Брисел имаме неколку работи кои се на прво место во месец јуни со големата помош од Европскиот парламент, да го започне јасниот пат кон ЕУ, односно да има патна карта, септември, октомври ќе бидат и сите други влади на државите од регионот, односно ќе започне и процесот на оцена на имплементација на демократските принципи, а за таа цел ние имаме потреба да соработуваме со власта, тоа е мојот конкретен аргумент. Другиот аргумент е интересот на целата ЕУ и на страните од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ затоа што тоа означува сигурност, просперитет и успех“, порача европратеникот Илхан Ќучук.

Целосното интервју со Ќучук во продолжение.