Институтот за јавно здравје доби донација – апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

НАШ ПРЕДЛОГ

Дневен хороскоп за четврток (28. мај 2020)

ОВЕН Работа: Стабилизација на полето финансии е пред вас. Ќе бидете генерално задоволни со...

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост...

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со кои за 30 минути ќе се добие резултат, е донацијата на Фешн Груп како општествено одговорна компанија, за Институтот за јавно здравје. 

„Голема благодарност до Фешн Груп за оваа донација која ни беше потребна.  Апаратот е со 4 независни модули, што значи дека наеднаш можат да се изработуваат 4 тестови, така што капацитетот за 24 часа е околу 168 тестови. Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран. Тестот е со исклучително висока сензитивност  и е наменет за брза детекција на коронавирусот.  Времето за изработка е 30 минути за позитивен примерок, додека 45 минути за негативен. Предноста на овој тест е што постапката е целосно автоматизирана, манипулацијата со примерокот е сведена на минимум, со тоа е намален и ризикот од контаминација и вкрстена контаминација на примероците“ вели доцент д-р Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Донацијата на Фешн Груп е од особено значење за Институтот за јавно здравје за да може уште побрзо и навремено да ја  извршува дијагностика во време на пандемија, наменета во служба на граѓаните.

„Горди сме што како Групација допринесовме и обезбедивме апарат и тестови со брз резултат на Институтот за јавно здравје, кои ќе служат во борба со корона вирусот. Навистина е важна поддршката на институциите кои неуморно се во првата борбена линија со пандемијата. Групацијата Фешн Груп како општествено одговорна компанија во изминатите 26 години постојано се грижи за своите граѓани и целокупната заедница“ истакна оперативниот директор на Фешн Груп, Тони Јанковски.

Од компанијата додаваат дека тие постојано се грижат за општото здравје на нивните вработени и потрошувачи со спроведување на највисоки мерки на заштита согласно препораките на СЗО. Компaнијата Фешн Груп продолжува со раст во својот домен, грижа кон општеството и со овој придонес сака дополнително да помогне  во побрзо детектирање на вирусот, а со тоа и побрза лекарска интервенција, за заштита на сите граѓани во општеството.

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е единствен легитимен поглавар на Исламската...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои...

Вонредната состојба ќе се продолжи? Спасовски не ја промени уредбата, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бојкот на изборите

Со завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни активности, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој ја отфрли можноста за одложување на изборите...
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -