„Имаме ниски цени за разлика од Европа“, велат од регулаторна – „Според стандардот, цените на горивата се високи“, велат граѓаните

Вечерва на полноќ, се очекува поскапување на цените на нафтените деривати. Бензинот за 3 денари а дизелот за 1.50 денари. Независно од тоа, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко  Бислимовски вели дека цените на нафтените деривати во нашава земја се пониски од цела Европа.

Но граѓаните не мислат дека цените на горивата во Северна Македонија се ниски. Повеќето од нив велат дека цената на нафтата во земјава е многу висока ако се базираме на стандардот во земјава.

Инаку, денеска во организација на Регулаторната комисија за енергетика се одржа тркалезна маса на која учествуваше Регионалната Асоцијација за Енергетика, каде се разговараше за методологијата со која РКЕ ќе работи за подобрување на условите во енергетиката.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ