Има начелен договор помеѓу Заев-Ахмети – проблем сѐ уште претставува премиер Албанец

НАШ ПРЕДЛОГ

Пановски: Дел од мерките на почетокот беа нелогични, пример носењето на ракавици

Проф. д-р Никола Пановски во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека и денеска не му се...

„Вирусот го губеше својот интензитет, сега се наоѓаме во пик!“, рече Мехмедовиќ во „Click Plus”

Доктор Злате Мехмедовиќ во „Клик Плус“ смета дека сега е пикот на вирусот, но дека нема толку...

Мехмедовиќ: Неколку месеци броиме константна бројка на заразени од коронавирус

„Последните неколку месеци наназад, броиме една константна бројка на новозаболени, и релативно ниска бројка на критично болни...
-Реклама-

Пред повеќе од една недела лидерите на СДСМ, Зоран Заев и  ДУИ, Али Ахмети ги почна преговорите за коалиција. Не е кажано ништо друго освен дека разговорите се одвиваат на добар пат.

ТВ21 од извори кои се вклучени директно во преговорите дознава дека СДСМ и ДУИ во принцип постигнале договор. Разлики има, но истите до крајот на разговорите ќе бидат усогласени.

- Реклама -

Вчера „Канал 5“ извести дека „ Договорен е премиер по принципот три години Заев, една Зибери“, но оваа вест беше демантирана од социјалдемократите. Меѓутоа, нивниот демант не го отфрли целосно прашањето за премиер Албанец, туку само принципот како Зибери ќе стане премиер.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина“, истакнаа од СДСМ.

- Реклама -

Тоа подразбира дека СДСМ го демантира прашањето на моделот, но не и идејата за премиер Албанец. ТВ21 од свои извори дознава дека нема финален договор за премиер Албанец. „СДСМ не се откажува, а ДУИ инсистира“ – вели изворот. Но од друга страна се мисли и како да се промовира во јавноста прашањето на премиер Албанец доколку евентуално странките постигнат договор, вели изворот за ТВ21.

Истиот извор вели дека овие денови имало обиди од албански бизнисмен за да ги зближи ставовите меѓу Заев и Ахмети, но се дознава дека еден од претседателите не отишол на средба, а го испратил само потпретседателот на партијата.

- Реклама -

Официјално, СДСМ и ДУИ тврдат дека продолжуваат консултациите, а и во соопштенијата кои ги испраќаат, пишува  дека „ По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада“.

„Исто така, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста“, велат од партиите.

На крај додаваат дека точни се само информациите во врска со разговорите кои произлегуваат од функционери на странките вклучени во преговорите.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Заев и Царовска на првиот училиштен ден во „Коменски“

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната 2020/2021 година ќе се обратат во...

Зошто образовниот процес доцнеше 1 месец? Одговара Адеми во „10 минути“

Во „10 МИНУТИ“ на ТВ21, гостин беше екс министерот за образование, Арбр Адеми. Прашан зошто образовниот процес доцнеше...

Пендаровски: Дадов поддршка, напад на новинар да се третира по службена должност

Претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со преставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, истакна дека даде поддршка за иницијативата...

Рот – Димитров: С.Македонија ги исполни условите, пристапните преговори треба да почнат што побргу

Германија очекува до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ да биде одржана првата Меѓувладина конференција и да почнат пристапните преговори со С.Македонија,...

Сончево со умерена облачност – температурата до 26 степени

Сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец,...