„Идиотски и како мали Ѓокица да ги пишувал“ – Фрчкоски и Тортевски за протоколот за угостителите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сите гледаме како на една маса во кафуле не седат само по двајца пријатели, туку по повеќе луѓе кои не се од исто семејство. Ова се коси со протоколот на Владата.

Инспекторите велат дека тие нема да ги легитимираат клиентите за да проверат дали се од исто семејство или не. Но, додаваат дека тоа можат да го направат келнерите.

Со инспекторот Пауновски не се согласуваат адвокатот Александар Тортевски и професорот Љубомир Фрчковски.

Двајцата во емисијата „Клик Плус“ Протоколот го оценија како идиотска одлука на Владата.

Адвокатот Тортевски рече дека ниту келнерите немаат право да им бараат документ за идентификација на клиентите, бидејќи тоа е вон законите и Уставот.

И универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски е на истото мислење. Протоколот е идиотско решение, и поради тој факт бара Владата да го укине истиот. Според него Протоколот е и дискриминирачки.

Дека ќе бара измена на Протоколот најави и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој ќе бара на масите во кафеаните да може да седат по 4 лица кои не се во роднинска врска.

Од Комисијата за заразни болести за ТВ21 велат дека мерката предложена од нив е добра и не мислат дека треба да се смени, бидејќи, како што велат, тие инсистираат на тоа 4 лица да седат на една маса доколку се роднини, но на растојание, да се дезинфицира просторот каде седат истите и келнерите да носат маска.

Од Комисијата исто така велат дека со мерката не предложиле и легитимирање на гостите бидејќи тоа е работа на полицијата.

Инаку, во Протоколот што го предложи Владата, една од мерките кои се најконтрадикторни е таа што овозможува на една маса да седат 4 лица, но доколку се роднини. Инспекторите вчера се оградија од одговорноста тие да го дефинираат терминот „роднини“, тие кои се во крвно сродство и не живеат во ист стан или тие кои не се во крвно сродство, а живеат на исто место. Оваа разлика од Комисијата не ја објаснија детално, додека според Фрчкоски и Тортевски оваа мерка треба да важи за тие кои живеат на исто место. Меѓутоа ова е уште потешко за да се дефинира во пракса.