Иџе тренира на симулатор – професионалниот рели возач од дома се подготвува за нови успеси

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот професионален рели возач Игор Стефановски – Иџе, автомобилот го замени со виртуелен. Па сега наместо на автмобилски трки, поради коронавирусот тоа го прави од дома.

Шампионатот на кој требаше да настапи се одложи поради пандемијата, на неопределено време.

-Јас колку што можам држам кондиција, ако може така да се каже, со трки на симулатор со моите најдобри колеги од Европа. Така одржуваме и контакт и некоја форма. Но сепак, не е тоа тоа, чекаме да не пуштат надвор да можеме да се вратиме онаму каде што најдобро се чувствуваме, а тоа се тркачките патеки и да се вратиме на таа стара форма која што бевме претходно.-вели Иџе.

Симулаторот вели дека помага, но чувството е различно.

-Сепак е различно, го немате оној страв кој што е го имате во возилото. Го немате адреналинот, што го имате кога возите, но таков е овој период сега. Тоа е единствено нешто што може во моментов да го искористиме.-изјави Иџе.

Периодот го користи и за анализа на неговите претходно трки. Заедно со неговиот тим ги пронаоѓаат евентуалните грешки за време на натпреварувањата.

Проблем претставува тоа што во Македонија нема тркачка патека за тренинг, но од друга страна Иџе вели дека го ценат на шампионатите, бидејќи без услови дава резултати.

-Целиот минат период ми е исто какo сега. Јас никогаш не сум имал тркачка патека, за жал немаме тркачка патека во Македонија каде што јас можам да тестирам. Споредбата која ќе ви ја дадам и зошто не ценат надвор и еве две европски титули имам освоено. Луѓето многу не ценат бидејќи ние сме спортисти како пример пливач да тренира во када и да ги победи најдобрите во Европа. Тоа е исто што јас го правам.-вели Стефановски.

Го очекуваат два шампионати кои пак се одложени засега на неопределено време. Пред трка вели дека има ритуали кои ги прави пред влегувањето во автомобилот, а откако ќе влезе следувала и трансформација во сосема друг човек.

Стефановски порано учествуваше на Европското првенство на ридски патеки, каде двапати победи во 2014 и 2015 година.

Целото интервју на Игор Стефановски – Иџе за ТВ21 во следното видео: