И тоа е можно: Риба изеде ајкула (ВИДЕО)

Често гледаме како ајкулите јадат риба, но понекогаш се случува и обратното. Доколку не сте виделе риба како јаде ајкула, тогаш погледнете го ова видео.

Ова е снимано од страна на некои научници кои барале потонат брод од 2. Светска војна, кога во еден момент вниманието им го одзема неколку ајкули кои јадат мртва сабјарка.

Меѓутоа остануваат вчудоневидени во еден миг кога една риба во еден момент ја изеде ајкулата, и на која и се гледа само опашката.

Научниците откриваат дека вакви појави се многу ретки, и дека нуркачите кои истражуваат низ морскиот свет во океаните, може да видат вакво нешто само еднаш во животот, а понекогаш дури и е невозможно да се види ваква ситуација.