Хрватска: Во Арена Загреб се поставуваат кревети за прием на пациенти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Националниот штаб на Арена Загреб започна со поставување на кревети за прием на пациенти.

Имено, во Загребската арена во тек е поставување на болнички кревети, кои доколку има потреба ќе бидат искористени за сместување на пациентите со полесна клиничка слика.

„Имаме основни, секундарни и терцијарни центри. Еден од овие ќе биде во Арената Загреб“, најави министерот за здравство Вили Берош.

“Арена Загреб се подготвува како секундарен центар за оние пациенти кои немаат тешка клиничка слика. Значи, за пациенти со средно тешки клинички слики на кои не им е потребен кислород и други интензивни мерки на лекување”, објасни министерот Берош.

Имено, бројот на заразени лица со коронавирус во Хрватска го надмина бројот 100. Сите заразени пациенти се стабилни и нема информации за нивно влошување.

КБ Дубрава се подготвува за прием на тешко болните. Хрватската армија подигнува шатори и експедитивен камп пред болницата, со капацитет од 270 кревети за сместување на заболени пациенти.