НАЈНОВА ВЕСТ

Потврдени 52 нови случаи на ковид 19, починати 4 лица – вкупната бројка на...

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.

Хигиена во затворите во време на пандемија – Хелсиншки комитет: Нема соодветен план за одговор

НАШ ПРЕДЛОГ

Карантински мерки за дел од од скопските општини ако расте бројот на новозаразени од коронавирус

Скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Аеродром и Гази Баба, можно е да бидат ставени во карантин доколку...

Филипче: Ќе воведеме повторно рестрикции доколку епидемиолошката состојба тоа го наложи

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека  повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа...

Извештај на Светска банка: Стапката на сиромаштија се очекува да порасне околу 20 отсто

Симулациите на Светска банка предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 отсто во 2019 до...

Вака пристигнува лебот во затворот „Идризово“. Во кутии оставени на под и незавиткан во ќесе или хартија.

Оние што ги вадат лебовите од кутиите, немаат ниту ракавици, а ниту пак маски, иако сме во вонредна состојба и пандемија.

„Нема ниту една заштитна мерка против инфекции. Лебот доаѓа од надвор, доаѓа од друг затвор кој е полуотворен. Тие го подготвуваат, немаат ниту средства за заштита, ракавици… ништо, видовте и самите. Ако мислат дека има хигиена во затворот во „Идризово“, тогаш зошто не ви дадат дозвола вам да дојдете и самите да се уверите какви се условите?“, вели затвореник од затворот „Идризово“

Затворениците со кои контактираше ТВ21, се жалат на влага во затворските простории во „Идризово“, како и на недостаток на тушеви, бидејќи како што велат, оние што ги имаат се импровизирани. Сето ова е дел од последниот извештај на Хелсиншкиот комитет за затвори, каде покрај мувлата, лошата реа и вошките, e нотирано и за пренатрупаност во ќелиите со затвореници и кревети на 3-4 спрата. Сибел Ахмет од Хелсиншкиот комитет, кој ја следи состојбата во затворите, тврди дека хигиената не е на задоволително ниво, иако во споредба со претходните години, има подобрување. Во однос на актуелната состојба со епидемијата Ковид-19, додава нема нема соодветен план за одговор.

Од Управата за извршување санкции негираат, велејќи дека веднаш откако Владата ги донела мерките, била издадена наредба – во сите затвори да се забранат посетите, да нема излегување за викенд, да се забрани годишниот одмор и другите ангажмани надвор од затворот. Други мерки кои се донесени според Управата се:

„Секојдневна дезинфекција на просториите во кои престојуваат осудените лица, каде се движат и работат, просториите каде се подготвува и складира храната, ходниците, тоалетите и бањите,

-на осудените лица да им се поделат ракавици, течен шампони, сапуни и гел за дезинфекција,
-на осудените лица не им се доделени заштитни маски затоа што немаат контакти со надворешниот свет, додека вработените во затворите се задолжени да носат маски и ракавици,
-на влезовите во просторот каде престојуваат осудените лица, поставени се препарати за дезинфекција,

-во сите казнено – поправни установи се набавени безконтактни топломери со кои редовно им се контролира телесната температура на осудените лица“, се вели од Управата за извршување санкции.

И покрај тврдењата на Управата за извршување санкции, затворениците со кои контактираше ТВ21, велат дека не добиле ниту ракавици, ниту дезинфекциски средства, а пак, дезинфекција се врши ретко. Покрај Хелсиншкиот комитет, и Комитет за спречување на тортура, кога беше прогласена светска пандемија на Ковид-19, препорача да се создадат услови за што подобра заштита.

Хелсиншкиот комитет и Здружението на Млади правници, до надлежните институции предложија мерки, како што се: времено пуштање на затворениците со хронични болести, според листата на СЗО, или пак, да се ослободат оние кои се при крај со отслужување на казната, меѓутоа досега не добија одговор.

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче: Ќе воведеме повторно рестрикции доколку епидемиолошката состојба тоа го наложи

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека  повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа...

Извештај на Светска банка: Стапката на сиромаштија се очекува да порасне околу 20 отсто

Симулациите на Светска банка предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 отсто во 2019 до околу 20-23 отсто во 2020...

Обвинителството предлага казна од 10 илјади евра за екс директорката на Клиниката за кожни болести

Основното јавно обвинителство Скопје предлага поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е...

Потврдени 52 нови случаи на ковид 19, починати 4 лица – вкупната бројка на дијагностицирани 2129

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -