Харадинај: Сѐ додека Србија не ја признае независноста на Косово таксата останува

Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, со други членови од државниот врв се состанаа кај претседателот на Собранието Кадри Весели, во пресрет на, како што беше објавено, финалната фаза на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

„Учесниците на средбата се согласија дека сите претставници на институциите на Косово, од власта и опозицијата, треба да се обединат во поддршка на платформата за дијалогот, при што е нагласено дека единството на косовската политичка сцена ја јакне меѓународната улога на Косово во процесот на дијалогот“, се наведува во соопштението по средбата.

Дијалогот меѓу Приштина и Белград веќе трет месец е во прекин, бидејќи српската страна одбива да се врати на преговарите кои се водат во Брисел со посредство на Европската унија, се додека не се укине таксата од 100 отсто што Владата на Харадинај ја воведе на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина.

Премиерот Харадај најави дека дури и по цена Владата да падне, се додека Србија не ја признае независноста на Косово таксата останува.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!