Гужва на грчката граница – над 1.000 автомобили во колона долга 20 километри (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 1.000 граѓани од Албанија кои работат во Грција денеска беа заглавени во гужва на границата пробувајќи да влезат пред најавените мерки од страна на Грција според кои сите граѓани кои влегуваат на нивна територија мора да поседуваат негативен ПЦР тест на ковид 19, соопштила албанската полиција.

Колона долга повеќе од 20 километри во која имало околу 4.000 возила е формирана утрово на граничниот премин Какавија, на југот од Албанија.

Граѓаните пробуваат да влезат во државата пред утрешните најавени мерки, пишува агенцијата АТА.

Имено, од утре 16 август во Грција, од Албанија ќе можат да поминат најмногу 750 лица дневно.

Тие ќе мораат да поседуваат негативен ПЦР тест за коронавирус кој не смее да биде постар од 72 часа, а после влезот во Грција ги чека седумдневна изолација.

Новите правила Грција ги вовела откако е забележано нагло покачување на бројот на заразени.

Веќе три дена се чека на граница, истакнал тамошниот полициски челник, додавајќи дека „грчките медицински тимови работат на смалување на бројот на лица“ и дека граничниот премин е затворен во текот на ноќта.

По прописот кој ќе биде на сила од утре, Албанците кои влегуваат во Грција се тестираат за Ковид-19 на граница, а при влез во земјата оставаат свои податоци со цел да ги контактираат доколку се позитивни на коронавирус.