Груби: ДУИ го направи Заев премиер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Артан Груби од ДУИ на својот Фејсбук профил истакна дека ДУИ одлучила лидерот на СДСМ, Зоран Заев да стане премиер.

„Претседателот се избира на директни избори со мнозинство гласови од граѓаните, додека премиерот, но и спикерот на парламентот, се избира со апсолутно мнозинство во Собранието од најмалку 61 пратеник како резултат на коалициските договори меѓу парламентарните партии.
Како резултат на тоа, за да илустрирам, според денешната логика на двете македонски партии, граѓаните на 11 декември 2016 година одлучија Никола Груевски да биде Премиер, но ДУИ одлучи премиер да биде Зоран Заев и сиот свет го знае ова. И сите знаат дека нашите основни услови за тоа беа јазичната еднаквост, промената на името и уставот, НАТО и ЕУ“, пишува Груби.

Тој додава дека Талат Џафери, исто така бил избран и за претседател на парламентот како резултат на коалицискиот договор.