Грција ја испрати Вербалната нота

Како што беше најавено, Грција ја испрати Вербалната нота, со која и официјално информира дека го ратификуваше Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО. Оваа информација ја потврдија од грчкото МНР.

Според информациите на ТВ21, доколку пристигне вечерва во Македонија, Вербалната нота утре ќе биде објавена во Службен весник.

Со тоа официјално ќе почне примената на новото име Република Северна Македонија.  Прво ќе се менуваат таблите на граничните премини со Грција, потоа таблите на зградите во државните институции.

Утре во Брисел, на маргините на Самитот на минстрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и Грција. Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да и предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...