Грчките власти забрануваат влез за пациенти од Србија кои се лечат во Грција?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Грчките власти поради пандемијата со коронавирус одбиваат да дозволат влез во таа земја за пациентите од Србија кои во Грција се лечат од најтешки болести, а поради прекинот на терапијата на многумина од нив животот виси на конец, вели за Н1 жител од Белград, чиј член на семејството веќе две години се лечи во Специјалната клиника за радиохирургија и радиотерапија „Јатрополис“ во Атина.

Соговорникот за Н1 објаснува дека од клиниката му испратиле писмо во кое пишува пациентот од што боледува и која терапија му е неопходна, а при тоа и точна локација каде ќе биде пациентот сместен.

„Тој допис го испративме до грчкиот конзулат во Белград, со скенирани пасоши, со детално објаснување за целокупниот тек на лечење кој бил напишан на грчки јазик. Наведовме дека ќе дојдеме со својот автомобил, без било какво попатно задржување“, напоменува жителот.

Жителот од Белград, Ристо не крие дека е очаен бидејќи не ни мислел дека Грција ќе стави безусловна забрана за влез, дури и за најтешките заболени, на кои лечењето, како што вели, им е од животно значење.

„Такви лица во Србија има десетици и сите се одбиени. Кога видовме дека дозволите за влез во Грција можат да добијат сезонски работници или студентим се чувствувавме дискриминирано. Луѓето од Клиниката навистина беа фантастични, направија се што било во нивна можност за да ни помогнат. И тие беа запрепастени со одлуката на грчките власти да не ни дозволат влез“, нагласува соговорникот и додава:

„Влијаевме преку Амбасадата на Србија во Атина, пробавме и преку некои приватни врски, но ништо не вредеше. Во иста ситуација се и останатите наши државјани кои се лечат во Грција, ова е апел во име на сите на кои поради прекинот на терапија им е загрозен животот“.

Н1 побарале образложение за одлуката на грчките власти да не дозволат влез во својата земја за пациенти од Србија кои се лечат во тамошните клиники од Амбасадата на Грција во Белград.

Во одговорот е наведено дека државјаните од третите земји меѓу кои е и Србија, влезот во Грција може да им биде дозволен од две причини – професионален и личен.

Медицинските причини не спаѓаат ни во една од тие две групи, со напомена за потенцијалните исклучоци одлучуваат надлежните власти, велат во одговорот.