Границата можете да ја поминете без услови – граѓаните по три месеци повторно заедно со роднините

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

Во Македонија од денеска се влегува без ниту еден услов – без ПЦР тест и 14-дневна самоизолација. Секој граѓанин ќе може да влезе во нашата држава. На ГП „Блаце“ денеска беше забележано движење на возила и луѓе. Роднините се пречекуваа на граница, бидејќи ја минуваа пеш. Овој тетовец се сретна со неговата ќерка која е омажена во Косово. Поради тоа што во Глобочица не им дозволиле да ја поминат границата, биле принудени да дојдат на Блаце.

- Реклама -

-На 8-ми март ги вратив во Косово и од тогаш ги немам видено.
Новинар: Дали ви недостигаа? Се израдувавте?
-Да, да. Многу се израдував, но за жал од другата страна на Македонија, од кај Глобочица, не можевме да ја поминеме. Полицијата ни рече дека не можат да нѐ пуштат од таа страна, бидејќи Косово ја нема отворено таа граница.
Новинар: Зошто?
-Не знаеме.
-Кога отидовме имаше спуштено рампа и не можевме да поминеме. Ги прашавме македонските граничари, и тие нѐ упатија да дојдеме тука на „Блаце“ да ги земеме децата. 

Сообраќаа и автобуси. Оваа патничка е омажена во Косово и дојде да го посети своето семејство во Скопје. Вели дека не ја видела мајка ѝ уште од 10 март.

- Реклама -

-Три и пол месеци веќе. Последен пат на 10 март. Сега одиме. Семејството ми е во Скопје.Добро што ги отворија.
Новинар: Се чувствувате позагрозено?
– Не, не, воопшто
Новинар: Ве фати тага?
– Секако дека да.

- Реклама -

-Од Куманово сум.
Новинар: Цело време бевте во Косово?
-Не, пред две недели отидов кога Косово ги отвори границите.

-Одиме до Скопје
Новинар: Имате семејство?
-Да, тој има сестра болна и одиме да ја видиме.
Новинар: Дали е добро што се отворија границите?
-Да, многу добро направија.
Новинар: Ве фати тага за роднините?
-Да, нормално, многу.

На Блаце имаше и граѓани кои излегуваа од нашата земја.

„Многу сум среќен. Имаме роднини и таму и тука. Сега одиме дома, бидејќи ги видовме малку“, истакна граѓанин на Косово.

Границите се отворија и како што известуваат од полициската станица кај Блаце, колони со автомобили имало од 23 часот.

„Забележан е голем наплив, уште од полноќ. Некои граѓани со нетрпение го чекаа отворањето на границите и дошле порано уште од 23 часот да го дочекаат нивното отворање. Ние од 00:00 часот до 14:00 регистриравме 5309 патници“, истакна Бесим Асани.

Како на Блаце, влез и излез од Северна Македонија има и на граничниот премин на Табановце со Србија и Ќафасан со Албанија. Граѓаните не се обврзани да имаат негативен ПЦР тест ниту да одат во самоизолација или државен карантин. Карантинот и самоизолацијата од денеска не важат ниту за граѓаните кои влегле во земјава пред 26 јуни, одлучи владата.
Влез и излез нема со соседните држави како Грција и Бугарија, бидејќи овие држави членки на ЕУ границите ќе ги отворат на 1 јули. Границите се затворија поради пандемијата со Ковид-19.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...