Граѓаните да пријавуваат вакви случаи, Заев повикува на борба против непотизмот и корупцијата

Сите феномени на корупцијата, судирот на интереси и непотизмот на сите нивоа е најголемата закана за општеството. Премиерот Заев, на конференцијата посветена на корупцијата, изјави дека најтешкиот вид корупција е кога ќе биде извршена од вработените во јавниот сектор. Додава дека никој не смее да биде привилегиран и да одбегне одговорност. Заев убеден дека ќе има нула толеранција за непотизмот, судирот на интереси и корупцијата.

Од друга страна, во последно време во јавноста постојано кружат имиња на роднини на политичари вработени во државните институции. Заев пред членовите на Антикорупциска, претставниците на СЈО, државниот обвинител и Финансиската полиција, побара да немаат резерви кон никој. Директорот на Финансиската Арафат Муареми, рече дека во борбата против корупцијата недостига културата на пријавување од страна на граѓаните.

„Кај нас недостига соработка со сите оние кои треба да пријават корупција. Мислам дека тука недостига една алка. Добредојден е секој граѓанин кој ќе пријави каков било вид корупција, бидејќи ние како институција сме отворени, но недостига таа информација за која сите зборуваат, а никој не ја пријавува“, изјави Арафат Муареми – директор на финансиската полиција.

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, со став дека во борбата против корупцијата треба системско и суштинско решение. Потребно е во рамките на Обвинителството да функционираат и истражувачки центри. Рафаел Кантоне, претседател на Комисијата за спречување на корупција во Италија, рече дека корупцијата ги оштетува сиромашните и ја фаворизира елитната класа во општеството. Според него, сите играат важна улога во борбата против корупцијата.

РЕПОРТЕРКА: ВАЛМИРА ЗЕНДЕЛИ

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!