Градинките се отвораат од 1-ви септември?!

НАШ ПРЕДЛОГ

Адеми: Проблеми со платформата за учење имаше и во други земји

Поранешниот министер за образование, Арбр Адеми беше гостин во „10МИНУТИ“ на ТВ21. Тој покрај учебната година, кажа...

Зошто образовниот процес доцнеше 1 месец? Одговара Адеми во „10 минути“

Во „10 МИНУТИ“ на ТВ21, гостин беше екс министерот за образование, Арбр Адеми.

Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

„Граѓаните постојано бараат да се отворат границите, а политичарите дебатираат, некои сметаат дека се уште е рано,...
-Реклама-

Утре продолжува состанокот меѓу Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование и наука, каде ќе се дискутира во врска со отворањето на училиштата.

Од градинките пак, денеска до родителите пристигна и прашалник за тоа дали навистина родителите имаат потреба нивното детето да посетува градинка.

- Реклама -

Тие велат дека со цел успешно да ја организираат работата во детската градинка во посебни услови за време на пандемијата, ги замолуваат родителите да одговорат каков е нивниот интерес за користење на услугите доколку градинките се отворат од први септември.

Во прашалникот се додава дека препорачуваат носење на детето во градинка само ако двата родители имаат работна обврска, а работодавците не се во можност да им обезбедат останување со детето и работа од дома, а во таа насока родителите се должни да донесат потврда (од двата родитела) дека работните задачи може да се извршуваат само на работното место, без можност за работа од дома.

- Реклама -

Имено, претходно Владата објави протоколи за работа на градинките во кои јасно е наложено како треба да работат во време на коронавирус.

Градинките пред повторно отворање треба да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опрема и инвентарот.

- Реклама -

При прием во установата децата ќе имаат задолжително мерење на температурата со безконтактен термометар и миење на рацете.

Масите за седење на децата ќе бидат на растојание од 1,5-2 метри, а вработените задолжително ќе носат заштитни маски на своите работни места.

Потребно е воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена, а секој родител треба да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Регистрирани 890 прекршоци поради неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на...

Сончево со умерена облачност – температурата до 26 степени

Сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец,...

Дневен хороскоп за четврток (1. октомври 2020)

ОВЕН Работа: Имате јасно зацртани цели. Свесни сте за тешкотии и полека, една по една ги решавате.

339 санкционирани возачи во Скопје, од кои 108 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Северна Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не...