Град Скопје го продолжува јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Град Скопје ги информира граѓаните дека од денеска, 17.10.2020 година, сабота, го продолжува распишаниот јавен повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат и  онлајн.

Откако Градот Скопје  ги обработи пристигнатите 4.282  барања за субвенции и утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена,  ја информира јавноста дека повикот продолжува и ги повикува граѓаните да аплицираат и на тој начин да придонесат за почист воздух во Скопје.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до денот на исцрпување на средствата.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.300 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.

Согласно со условите, на овој јавен повик поради состојбата со коронавирусот, онлајн можеа да аплицираат сите жители (домаќинства) на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе  го инсталираат  инвертерот.

Новитет  годинава е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, мазут или нафта, а досега се предадени над 1.000 печки на пунктовите во Сарај, Шуто Оризари и во пунктот во Рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош.  Акцијата во општина Карпош  почна вчера, а ќе трае и денеска  и утре од 10 до 16 часот.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

Во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/

Онлајн аплицирање: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Османи: Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Бугарија

Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Марковски: Ние цело време позитивните ги кажувавме болни, си направивме проблем врз економијата

Вело Марковски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека сме направиле голема грешка што оние со позитивни тестови ги прикажувавме како болни...

Претрес во Чегране, пронајдена дрога и приведени две лица

Денеска (22.10.2020) полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај А.Б. (32) од с. Чегране и притоа...

„Носењето маска на отворено е штетно“, вели Марковски

Вело Марковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва истакна дека носењето на маска на отворено е штетно.

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.734.115 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.139.638 пациенти, а оздравеле...