Гостиварец се повредил на работно место

Во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, вчера ( 10 февруари) околу 8 часот и 30 минути, донесен е 49-годишниот гостиварец Е. Н, кој влегувајќи во објект ( станбена зграда ) во изградба, во која работел, според пријавеното, стапнал на дрвена штица, која наеднаш му се превртела и при тоа задобил тешки телесни повреди ( скршеница на десен скочен зглоб од ногата).

По укажаната лекарска помош, пренесен е на скопските клиники.

Извршен е увид на местото на повредувањето  на Е. Н. и се расчистува случајот.