Гостивар во чад, запалена депонијата Русино – општината бара од Владата да преземе мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Депонијата Русино во Гостивар во текот на вчерашната ноќ повторно била опожарена, поради што жителите на Гостивар цела ноќ ги вознемируваше лошата миризба на запалено ѓубре. Случајот бил пријавен синоќа во полиција и се работи на пронаоѓање на сторителот.

„Во 22:45 часот, на 8 јули во СВР Тетово е пријавено дека е активиран пожар во привремената депонија Русино во Гостивар, што според кажувањето на вработениот за обезбедување на ова депонија, огинот се проширил на три места околу 13:00 часот. Извршена е инспекција на местото на настанот за расчистување и целосно документирање а случајот“, посочуваат од СВР Тетово.

Градоначалникот  на Гостивар Арбен Таравари побара Владата да преземе мерки или да ги врати надлежностите на општината за тие да менаџираат со неа.

„Имаме пожар во депонијата Русино, пожар што цела недела или три четири дена го предизвикуваат луѓето кои ние се уште не можеме да ги идентификуваме и поднесовме пријава против непознато лице кое го прави ова. Јас ја повикувам Владата бидејќи е надлежна за депонијата Русино, бидејќи јас го имама и документот за тоа кој е надлежен за депонија Русино, да дојде и да дејствува или да ги врати надлежностите за ние да постапиме како што треба таму“, вели Арбен Таравари.

Во депонијата Русино се собира отпад од сите општини од Полошкиот регион. Во последните два месеца оваа депонија неколку пати беше опожарена поради што општинските власти на Гостивар се сомневаат дека ова го прави некој намерно.