„Гласачите веќе знаат за кој ќе гласаат“ – Пешев: Идејата на ДУИ е одлична за гласови, но лоша за реализација

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

ПР машинерија во трка по гласови, беше темата во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Експертите во оваа област сметаат дека гласачкото тело е веќе определено за кој ќе го даде својот глас на 15-ти јули кога се закажани предвремените парламентарни избори.

- Реклама -

„Гласачкото тело е веќе определено во Македонија и ако ги анализирате двете пораки тоа се пораки кон еден тагет, реално СДСМ ги таргетира своите гласачи, ВМРО ги таргетира своите гласачи. Да се слагам со Ангелка дека има доза на признавање „вина“ во наводници“, истакна Газменд Ајдини.

- Реклама -

ДУИ пред два дена го претставија својот кадидат за премиер како прв премиер Албанец во Македонија. Експетите на ова гледаат како одлична идеја за гласови, но лоша за реалиција.

- Реклама -

„ДУИ со кампањата за премиер Албанец која беше одлична кампања, морам да кажам дека сум воодушевен од идејата за таа кампања иако реализацијата не ми се допаѓа. Самата идеја ги измести, пробаа, но и бројките покажуваат дека  ДУИ се зацврстува и мислам дека тука ќе се води надвор од класичната стандардна битка ВМРО, СДСМ, ДУИ и Алијанса. Ќе имаме интересна војна, секој со секого“, посочи Сашко Пешев.

Пеева пак синоќа во „Click Plus“ посочи дека партиите сега треба да направат се, за да го испровоцираат гласачкото тело за да излезе на избори. Бидејќи како што вели таа, на овие избори ќе има многу ниска излезност.

„Сега слободно можам да кажам дека имаме депресивно гласачко тело. На кое што и те како му треба провокација, да го привлечете, да излезе да гласа и свесно да одлучи за неговиот избор во следните четири години“, додаде Ангелка Пеева.

Експертите посочуваат дека цивилизацијата се наоѓа во депресија и токму тоа ќе се одрази и на изборниот процес. Предвремените парламентарни избори закажани се за 15-ти јули, откако беа одложени поради коронавирусот и прогласувањето на вонредна состојба.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...