Германците градат тунел под море вреден 8 милијарди евра, и ќе се поврзат со Данска (ВИДЕО)

Германските власти вчера одобрија изградба на подморски тунел за патен и железнички сообраќај во вредност од 8 милијарди евра кој ќе ја поврзува земјата со Данска.

Оваа одлука е донесена и покрај противењето на активистите за заштита на животната средина.

Тунелот во должина од 19 километри ќе го поврзува германскиот остров Фермарн со данскиот остров Лоланд, и треба да биде завршен во 2024 година. Новиот тунел треба да го олесни патувањето од Копенхаген до Хамбург, Бремен и Хановер.

Дел од проектот ќе биде финансиран и од ЕУ.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!