Фрчкоски: Веројатно има договор, и во јули одиме на избори!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Веројатно во сабота ќе дојде до договор околу избори. Претседателот ќе им понуди ако треба уште една вонредна состојба, и ќе имаме избори некаде кон средината на јули“, рече Љубомир Фрчкоски во вечерашното издание на „Клик Плус“.

Тој претходно рече дека претседателот Пендаровски ќе воведе уште една вонредна состојба за да се испегла датумот за избори.