Фрчкоски: Уредбите со законска сила на Владата продолжуваат да важат, ќе треба да ги верификува новиот парламентарен состав

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Професорот Љубомир Фрчковски за ТВ21 вели дека уредбите со законска сила кои ги донесе Владата за време на вонредната состојба продолжуваат да важат се до новиот парламентарен состав кој ќе треба да ги потврди, вклопи во други закони, укине или пак поништи.

Важењето на уредбите со законска сила, трае и понатака со обврска Собранието да ги верифицира кога ќе биде во состав, тоа значи новиот состав. Некои од нив ќе бидат, потврдени како делови на закон, некои ќе бидат вклопени во други закони, трети на кои им изминал рокот на траење може да бидат укинати, а некои можат да бидат и поништени“, изјави Љубомир Фрчкоски за ТВ21.