ФОТО: Гордана Јанкулоска со мотор пристигна на суд

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за денешните закажани рочишта на суд пристигна со својот бел мотор. Таа носеше кацига на главата, елек во темно црвена боја и фармерки, и се подготвуваше пред рочиштето кога и ја „уловивме“.

Денеска закажани се три судски предмети од СЈО: Шпион, Талир и Трезор.