Формирање национално тело за помилување, останува енигма неговото раководство и формат

Во Собранието се очекува да започне постапката за формирање национално тело за помилување, што е едно од четирите барања на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. Но, поради отсуството на Талат Џафери, кој е на службен пат, останува енигма кој ќе раководи со оваа комисија и кои ќе бидат нејзини членови. Парламентарното мнозинство, бара дел од овој процес да биде и опозицијата. На пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, не му е јасно што подразбира помилувањето и националното помирување и дали со тоа ќе се опфати амнестијата на учесниците во насилствата од 27 април.

Се очекува со оваа комисија да раководи опозицијата. Според ДУИ, тоа би требало да го заслужи некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласале за уставните измени.

„Зошто да не и припадне на опозицијата, еден пратеник кој е активен и има познавања и посебност на пратеник кој гласал за уставните измени. Тие се најзаслужни за ситуацијата денес и за дебатата која ќе се отвори“, вели Артан Груби.

ВМРО-ДПМНЕ е скептична во врска со оваа комисија.

Постапката за формирање на комисијата за помилување, се очекува почне во среда, кога е најавена координација на парламентарните партии кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, а во врска со продолжување на 60-та седницата која е закажана за 24 октомври.

Репортер: Зимер Јашари