Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ – Македонија во официјалниот дел на берлинскиот филмски фестивал

За прв пат во кинематографската историја на Македонија, нашата земја ќе учествува во главната програма на Берлинскиот Филмски Фестивал. Берлинскиот филмски фестивал е еден од трите престижни филмски фестивали во светот. Режисерка на филмот е Теона Стругар Митевска и е насловен „ Господ постои, името и е Петрунија“. Филмот, во сеуште незавршена форма, бил прикажан на комисијата во Берлин, на 3 декември, а на 11 декември, тимот доби покана од берлиенале.

Филмот беше поддржан од престижниот Ероимаж фонд и Медиа фондот за развој на проекти. Буџетот на филмот е 1.400.000 евра, а од Македонската Агенција за филм доби 30,000,000 денари, односно 500 илјади евра.

Во овој филм учествува и албанскиот актер, Бајруш Мјаку. Тој во филмот ја игра улогата на јавен обвинител.

„Овој пат се случи нешто кое не го очекувавме, всушност јас не очекував. Јас во филмот ја играв улогата на јавен обвинител, кој ја распрашува Петрунија, зошто направила таков акт“, вели Бајруш Мјаку – актер.

Драмата на филмот започнува кога локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Петрунија неочекувано се фрла во водата и успева да го фати крстот пред другите. Нејзините конкуренти се бесни – како се осмелува жена да учествува во нивниот ритуал? Инаку, оваа година се одржува 69 издание на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ