Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“ се јави по нападот попладнево на лекар на скопска токсикологија.

„Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.