Филипче: Идната недела ќе пристигнат 500.000 маски и 20.000 тестови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Добивме одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини, кои ги очекуваме на почетокот на април, а следниве денови ќе добиеме дефинитивен одговор и од Амбасадата на Кина, од која побаравме донација пред неколку недели.

Ова поладнево го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата на која потврди дека новодијагностицирани со коронавирус се 24 пациенти и тоа во Скопје (15), Куманово (четири), Дебар (два), Охрид (еден), Штип (еден), Тетово (еден), има пациент поврзан со Кожната клиника во Скопје, со што вкупниот број дијагностицирани со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 201 лице. Најголем број случаи се во Скопје (123), по што следат Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

– Имаме пациент од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура направен е тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Денеска интензивно работеше тим епидемиолози, тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти имајќи ги предвид контактите, рече Филипче.

Потенцира дека на Клиниката за инфективни болести е испишан еден пациент од Дебар, кој е пратен на домашно лекување во добра општа состојба со два негативни последователни теста и се подготвува испис на уште една пациентка од Скопје која исто така има два последователни негативни тестови и ќе биде испратена на домашно лекување, со што има тројца излекувани и тројца починати пациенти.

– Добра е состојбата на пациентите во Штип, каде се луѓето кои беа дојдени од Србија и пациентите во врска со малото девојче, мајката и бабата кои се таму на лекување во стабилна општа состојба без некоја тешка манифестација на формата на болеста. Во текот на следните ден или два ќе се спроведе детален преглед и тестирање и на луѓето кои се затекнаа во Дебар, сега поминува 14-дневниот карантин, по што ќе бидат пуштени во градовите каде живеат, рече Филипче.

Ја повтори вчерашната одлука што ја донесе на седница Владата според која се забранува движењето во текот на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот следниот ден. Според него, ова е мерка која е единствена што дава добри резултати, ограничување на социјалните контакти, избегнување на групирањето, единствено нешто што со сигурност става крај на ширењето на патот на вирусот.

Најави дека од следната недела ќе има мобилните тестирања, подготовките траеле изминатите денови, денеска утре во текот на викендот ќе се селектираат уште пошироки групи согласно мислењето на епидемиолозите и тоа во подрачја, градови во кои сметаат дека тоа треба да се аплицира.

– Денеска имав состанок со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на која и се заблагодарив за поддршката која изминатиот период ја даваа на осовременувањето на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во земјава каде се вршат сите тестирања. Нашата земја во текот на вчерашниот ден беше примена и во една голема студија за избор на најсоодветна терапија за пациенти заболени од коронавирусот, која ја води СЗО и во која се вклучени повеќе земји. Во студијата се анализираат резултатите од повеќе пристапи во лекувањето. Комбинацијата на лекови веќе се дава на пациентите на Клиниката за инфективни болести кај кои може да се даде согласно проценката на специјалистите по инфективна медицина, рече Филипче.

Посочи дека денеска почнал он лајн тренингот на здравствени работници со помош на Браунинг Универзитетот од САД, кој ќе трае четири дена, а во кој се вклучени 20 доктори, 20 медицински сестри кои се тренираат да бидат тренери за искуствата во однос на лекување на овие пациенти, кои ќе можат да го пренесат своето знаење на другите колеги.

– Денеска во болницата во Куманово престојуваше наш експерт, професор од Инфективната клиника во Скопје кој детално разговараше со лекарите од инфективното одделение и со менаџментот на болницата. Разговараше за начинот на третман и прием на пациентите, организација на работа, делот за изолација, имајќи во предвид дека тука веќе има дијагностицирани асимптоматски здравствени работници, и во текот на утрешниот ден целосно ќе биде завршена анализата и согласно тоа и стратегијата за лекување Куманово ќе биде еден од првите градови во кои ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат кои што ги најавив претходно и ќе почне на почеток на следната недела, додаде Филипче.

? [ВО ЖИВО] Прес конференција на Венко Филипче за состојбата со коронавирус во Македонија

? [ВО ЖИВО] Прес конференција на Венко Филипче за состојбата со коронавирус во Македонија

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 26. März 2020